Една трудница објави листа на правила кои семејството мора да ги почитува кога ќе се породи

Кармин

09/02/2024

11:42

4.534

Големина на фонт

а а а

Идна мајка им испратила на своето семејство и пријателите список со правила што мора да ги почитуваат кога ќе се сретнат со нејзиното новороденче за првпат.

Со оглед на тоа дека наскоро ќе се породи, составила листа со строги правила, а ја прочитала водителката Џеки Хендерсон во етерот на една австралиска радио станица.


Бремената жена најавила дека нема да објавува никакви информации за раѓањето на детето, вклучувајќи го и името на детето, датумот и времето на раѓање.

„Ако сакаме да знаете нешто, ќе знаете“, напишала таа во воведот.

За породувањето ќе информира само неколку, а на социјалните мрежи строго забранила објавување на какви било фотографии од нејзиното бебе.

„Нема да примаме посетители во првите две недели. Нема исклучоци, ве молиме не ни праќајте пораки и не ни се јавувајте за да дојдете“, додала таа.


Двојката очекува сите што сакаат да го запознаат бебето да се вакцинирани.

„Нема да го загрозиме здравјето на нашето дете“, изјавила таа.

Слично на тоа, никој не треба да го допира или бакнува бебето. Исто така, таа ги замолува посетителите да не носат силни парфеми кога ги посетуваат.

„Не очекувајте да бидам домаќинка. Веројатно ќе бидам уморна, па понесете си храна и пијалаци кога ќе дојдете“, заклучила таа и предизвикала низа реакции.

„Ниту едно правило не е неразумно“, коментира едно лице, „Родителите наметнуваат такви ограничувања со причина“, вели друг, „Според мене, ова е напишано од пасивно-агресивен човек“, вели третиот, „Истата личност подоцна ќе се жали дека никој не им помага“, вели четвртиот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk