Родителска грешка која е „формула за неуспех“: Ги прави децата анксиозни и несигурни во себе

Кармин

08/02/2024

16:50

18.282

Големина на фонт

а а а

Американската психоаналитичарка Ерика Комисар ја откри најчестата грешка што ја прават родителите, а тоа е „формулата за неуспех“.

„Забележав зголемен број деца кои страдаат од анксиозност и депресија на рана возраст и почнав да ги читам сите истражувања што можев да ги најдам на оваа тема“, изјави таа за списанието „Колумбија“.


Се разбира, родителите го сакаат само најдоброто за своите деца, но од добра намера понекогаш претеруваат во некои работи.

„Некои родители ги туркаат своите деца да ги добијат само најдобрите оценки. Не можам да ви опишам колку родители ми ги носат децата само затоа што не ги добиле најдобрите оценки. Тие се сигурни дека нешто не е во ред“, продолжи таа.


Како „формула за пропаст“ на децата, таа изјави дека родителите и училиштата претпоставуваат дека децата мора да бидат најдобри во сè. Таа ги советуваше подобро да размислат за тоа колку лошо се одразува психолошки врз децата бидејќи постојано се принудени да се натпреваруваат со своите врсници.


„Како го дефинирате успехот во животот на вашето дете? Зарем тоа не треба да значи дека тие се среќни и ментално стабилни?“, прашува таа.

„Обидете се да им помогнете на децата не само да најдат рамнотежа, туку и најдоброто во себе. Помагањето на нашите деца да ги идентификуваат и поддржат нивните силни страни и да ги прифатат нивните ограничувања е основа за добра самодоверба и сила на егото, што е основа на издржливоста“, нагласила таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk