Луѓето не можат да поверуваат кога ќе слушнат колку години има оваа жена: Таа тврди дека изгледа 30 години помладо зошто го јаде ова

Кармин

07/02/2024

15:00

4.549

Големина на фонт

а а а

Бебет Дејвис има 73 години, но изгледа барем 30 години помладо и тоа сѐ благодарение на исхраната и системот на вежбање.

Бебет Дејвис никогаш не ги криела своите години, а зошто би ги криела кога изгледа неверојатно младолико, без оглед на тоа што има 73 години.

Бебет вели дека младоликоста ја должи на веганската исхрана која ја практикува 25 години. Таа е готвачка, мотивациски говорник, експерт за фитнес и сето тоа го прави во осмата деценија од животот.

Додека растела имала низа здравствени проблеми, вклучувајќи ја и астмата, егзема, болки во ушите, а потоа во 1990 година доживеала пресврт кога одлучила да премине на вегански начин на живот.

Таа секое утро го започнува со смути од алги и јаде една дланка јаткасти плодови. После тоа тренира, а потоа прави некој вегански ручек.

Меѓутоа, она што Бебет го смета за најважно е тоа што сами треба да си го најдете својот пат по којшто ќе чекорите за да бидете среќни и задоволни со својот изглед, но и состојбата на духот.

Кога првпат на интернет ја објавила својата фотографија во костим за капење и на неа напишала дека има 70 години, никој не можел да поверува дека тоа е така.

Но, Бебет ги убедува сите луѓе околу себе дека можат да изгледаат феноменално во било која доба затоа што сѐ е состојба на умот и веганска исхрана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk