Џенифер Лоренс ја објави бременоста и го најави новиот тренд: Шишките стануваат повторно модерни

Точка

24/10/2024

20:51

1.240

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лоренс моментално поминува низ возбудливи животни промени. Викендов познатата актерка потврди дека го чека своето второ дете, а дополнително внимание привлече нејзината нова фризура.

На премиерата на филмот во Лос Анџелес, Џенифер носеше бела маичка над која имаше црвена блуза заврзана преку рамениците, а стајлингот го комплетираше со длабоки црни панталони. Иако нејзиниот стил отсекогаш бил посебен, најновата нејзина фризура беше вистинско изненадување. Лоренс реши да ги пресече прамените до рамениците, со шишки кои станаа нејзин заштитен знак.

Оваа промена на фризурата внесува свежина во нејзиниот вообичаен изглед, кој досега вклучуваше благо брановидни руси прамени.

Иако Џенифер последен пат се одлучи за шишки во уште 2014 година, кога штотуку ја започнуваше својата актерска кариера, таа експериментираше со различни варијанти на фризури во текот на годините, вклучително и странични шишки.


Џенифер со овој нов изглед не само што го најавува доаѓањето на бебето, туку реши повторно да ги израдува фановите со својот освежен стил.

Потсетуваме, информацијата за нејзината бременост беше потврдена за „Vogue“ откако Џенифер беше фотографирана со сопругот додека излегуваше од ресторан во Лос Анџелес, при што беше забележан нејзиниот трудничкиот стомак.


Лоренс и нејзиниот сопруг Кук Марони веќе се родители на двегодишниот син Сај, кој се роди во февруари 2022 година. Името го доби по еден од омилените уметници на Марони, американскиот сликар Сај Тумбли.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk