[ТОЧКА ИНТЕРВЈУ] „Paint&Wine“ уметничка работилница: Креативен спој на дружење, сликање и дегустација на вино

Точка

12/12/2023

14:00

108.541

Големина на фонт

а а а

Во потрага по несекојдневна и невообичаена дружба со пријателите, организаторитe ја носат уметничката работилница „Paint&Wine“ во Скопје. Место на кое може да ја разбудите вашата креативност, низ дружба со пријателите и дегустација на локални вина, до вашето уметничко дело.

Од каде идејата за овој концепт?

Идејата ја добивме од едно патување во Италија каде што сакавме да пробаме нешто поразлично од паста и пица, па сосема случајно наидовме на „Paint&Wine“ работлиница и решивме да се пријавиме. Отидовме со отворен ум и никакви очекувања, дека од средно немавме фатено четки и бои. Она што го искусивме тие два часа беше навистина една посебна позитивна енергија, каде што кај секој на површина излегува креативноста која сите сме ја имале како деца, а ја имаме запоставено со текот на годините.

По ова сфативме дека дефинитивно такво нешто фали и кај нас. Тргнавме од самите себе и бевме сигурни дека како нас, има многу други на кои им недостига некогаш да можат да поминат квалитетно време со некој близок, а да не мора да е кафич или ресторан.

Што се случува на „Paint&Wine“?

„Paint&Wine“ е работилница која ги спојува уметноста и квалителното вино. Со помош на уметник и вино (за дополнителна инспирација) ќе го насликате вашето прво ремек дело и ќе искусите нешто поразлично за првпат.

Што добиваат членовите кои ќе дојдат на работилницата?

Една работилница трае два часа. Она што ќе се слика е однапред дефинирано и целиот потребен материјал за сликање го добивате од нас, почнувајќи од четки, бои, платно, штафелај и кецела. Дополнително имате дегустација на вино. Кога станува збор за виното, идеја ни беше да соработуваме со семејни винарии, со цел да ги поддржиме и истите да ги промовираме.

Дали членовите на работилницата работат исклучиво сами или имаат можност да побараат помош?

Секоја работилница започнува со краток вовед и објаснување од уметникот за она што ќе се црта и некои совети за самиот процес да биде полесен. Понатаму со добра музика, квалитетно вино и позитивна, опуштена енергија двата часа минуваат пребрзо. Низ текот на целиот термин, уметникот е доостапен за помош.

Дали на оваа работилница се пријавуваат само лица кои се талентирани за сликање?

Првично е наменета за аматери, дури и за некој што никогаш не сликал на платно. Со помош на уметник и вино (за дополнителна инспирација) ќе го насликате вашето прво ремек дело и ќе искусите нешто поразлично за првпат.

Дали членовите на крајот си ги земаат делата кои ќе ги насликаат?

Да, вашето насликано дело останува за вас.

Колкаво е времетраењето на еден „Paint&Wine“ час?

Еден термин на „Paint&Wine“ трае 2 часа.

Колкав е бројот на членови во еден термин на работилницата?

Максимален број на лица по термин е 22.




Спонзорирани линкови

Маркетинг