Меки, сочни и свежи: Рецепт за солени стапчиња кој секој треба да го проба

Кармин

07/12/2023

21:15

7.184

Големина на фонт

а а а

Совршено сластни, воздушести и лесни, а идеални со било кое јадење, овие солени стапчиња се нешто што секој треба да го проба.

Доколку ви треба идеја за брзо домашно печиво кое ќе ве воодушеви со мирисот и вкусот, тогаш овие неодоливи стапчиња со сусам сигурно ќе ви се допаднат.

Благодарение на маргаринот и павлаката, тие се многу меки, лесни и воздушести, а за подготовка ви е потребно малку време.

Состојки:

- 500 грама брашно;
- 1 ќесичка прашок за печиво;
- 180 милилитри кисела павлака;
- 1 жолчки плус 1 цело јајце;
- 250 грама маргарин;
-2 лажички сол;
- сусам.


Подготовка:

1. Извадете ги маргаринот и јајцата од фрижидер да отстојат на собна температура.

2. Во една чинија помешајте го брашното и прашокот за печиво, па тргнете ги на страна.

3. Во двете изматени жолчки додадете ја солта, киселата павлака, па коцката маргарин и сѐ добро соединете.

4. Додадете малку брашно и почнете да месите со рака додека не добиете меко тесто.

5. Префрлете го тестото на набрашнета површина, па развијте го во кружен облик со дебелина од еден сантиметар. Потоа исечкајте го со нож во облик на стапчиња, па распоредете ги во плех обложен со хартија за печење.

6. Изматете го целото јајце, па со него премачкајте ги стапчињата и потоа посипете ги со сусам.

7. Печете ги околу 20 минути во загреана рерна на 200 степени Целзиусови.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk