[ВИДЕО/ФОТО] Под површината на Марс пронајдени неверојатни облици

Точка

01/12/2023

16:06

8.781

Големина на фонт

а а а

На кинескиот ровер Журонг се наоѓа радарски систем кој може да се пробие над површината на Марс и подобро да види во неговото скриено подземно подрачје.

Научниците ги објавиле новите резултати од скенирањето на местото каде што слетал Журонг и рекле дека на длабочина од околу 35 метри забележале неправилни полигонални, односно повеќеаголни облици.

Објектите се со големина од неколку центиметри до неколку десетина метри. Експертите сметаат дека затрупаните геометриски објекти се всушност формации настанати од при замрзнувањето и одмрзнувањето на Марс пред неколку милијарди години, но дека би можеле да имаат и вулканско потекло, настанати по ладењето на текови на лава.


Огромен ударен базен

Роверот Журонг слетал на Марс на 15-ти мај 2021-ва, со што Кина стана втората земја во историја успешно спушти ровер на Црвената планета. Журонг, наречен по кинескиот бог на огнот, по слетувањето го истражил околното подрачје, проучувајќи ја топографијата на Марс, спровел мерења со својот радар, а дури пратил и селфи на кое позира со својот лендер.

Требало да биде функционален три месеци, но успешно работел нешто повеќе од една година, а потоа влегол во планираната хибернација. За него ништо не се слушнало од мај 2022-ра година, се досега, кога биле објавени нови резултати од скенирањето.

Утопиа Планитија е голема рамнина внатре во Утопија, досега најголемиот познат ударен базен на Марс и во Сончевиот систем. Се проценува дека има дијаметар од 3.300 километри. Кинескиот ровер во текот на својата мисија минал 1921. метар.

Големи климатски промени

Кинеските научници наведуваат дека радарот на роверот открил шеснаесет полигонални формации на оддалеченост од околу 1,2 километри, што укажува на тоа дека таков вид на подземен терен би можел да биде широко распространет под Утопија Планитија.

Пронајдените геометриски облици веројатно настанале пред 3,7 милијарди до 2,9 милијарди години во текот на доцните хеспериски и раните амазонски епохи на Марс, со тоа што на тој терен дополнително се случувале други геолошки процеси. Иако на површината на Марс веќе биле забележани многуаголни геолошки формации, ова е прв показател дека тие се наоѓаат и под површината на Црвената планета.


Претходните истражувања на радарските податоци на Журонг покажале дека повеќекратните поплави во текот на истиот временски период создале неколку слоеви под површината на Утопија Планитија. Поради тоа научниците сметаат дека за овие необични облици одговорни се големи промени на климата на Марс.

„Контрастот на карактеристиките над и под длабочината од околу 35 метри укажува на значајна трансформација на водените активности или топлотните услови во текот на древниот марсовски период, што имплицира дека на ниски до средни географски ширини се случувале поголеми климатски промени“, објаснуваат научниците.