[ФОТО] Сите погледи биле насочени во жената која била покрај Кејт Мидлтон: Зад нејзиното ангелско лице се кријат бројни скандали, а никој не може да поверува колку години има

Кармин

28/11/2023

10:17

4.496

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Јужна Кореја Јун Сук Јеол и неговата сопруга Ким Клон-хи, неодамна биле во службена посета на Велика Британија.

Тие присуствувале на свечената парада во Лондон, а потоа во нивна чест бил направен гламурозен прием во Бакингемската палата.

Домаќини биле британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила, а важна улога имале и принцезата и принцот од Велс. Јужнокорејската прва дама го покажала беспрекорниот моден стил којшто претходно бил предмет на контроверзии како што биле и други делови од нејзиниот живот. Нереално младоликата Ким била актерка во бројни афери.


Првата дама на Јужна Кореја, Ким Клон-хи во Бакингемската палата носела раскошен фустан со А крој, во класична црна боја со интересни сиви детали и минијатурна чанта како уште еден доказ колку води сметка за својот моден имиџ.

Кралицата Камила ѝ парирала со раскошен црвен фустан и нејзините стилисти успеале да го подобрат нејзиниот моден манир.

Сопругата на претседателот на Јужна Кореја ја видовме и во елегантен капут во друштво на Камила и Кејт Мидлтон. Таа прекрасно го смислила стајлингот за таа прилика, а нејзиното нереално младолико лице и овојпат ја засенило модата.

Ким Клоон-хи е постара 10 години од Кејт Мидлтон, има 51 година иако изгледа неколку децении помладо.


Таа како воопшто да не старее. Прашањето е што се крие зад сето тоа? Сите се чудат кога ќе го слушнат датумот и годината на нејзиното раѓање, а што уште се знае за оваа прва дама на Јужна Кореја?

Ја обвинувале дека ја лажирала биографијата и ја копирала Одри Хепберн

Таа е извршна директорка и претседателка на компанијата која се занимава со уметнички изложби „Covana Contents“. Дипломирала уметност на Универзитетот Kyongg.

Била актерка во бројни скандали, а во 2019 година се нашла под истрага поради наводно земање мито за одржување на изложба. Пред две години се пишувало дека во својата биографија ја нагласила својата врска со „New York University Stern School of Business“. Подоцна се извинила и кажала дека повеќе ќе биде фокусирана на својата функција, а во 2021 година била под истрага поради корупција за наводни малверзации на берза.


Ким е посветена на хуманитарната работа, но ја обвинувале дека во тоа ја копира Одри Хепберн и тоа поради начинот на кој го претставува хуманитарното залагање. Се пишувало дека го копира и стилот на облекување на Џеки Кенеди, а многу остро се коментирало нејзиното отсуство од службени настани поради приватни обврски додека фотографијата од неа и Џо Бајден како го држи под рака била оценета како непримерен дипломатски чин.

Ким и нејзиниот сопруг се во брак од 2012 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk