[ФОТО] Ретко ги гледаме заедно: Трите деца на Метју Меконахи го „украдоа“ вниманието на црвениот килим

Кармин

20/11/2026

13:44

806

Големина на фонт

а а а

Трите деца на холивудскиот актер Метју Меконахи (57) и неговата сопруга Камила Алвес (43) привлекле внимание со заедничкото појавување на црвениот килим.

Леви (18), Вида (16) и Ливингстон (13) пристигнале на премиерата на филмот „Way of the Warrior Kid“ во Лос Анџелес, каде што му пружиле поддршка на својот најстар брат Леви, кој глуми во филмот заедно со Крис Прат, пишува „Us Weekly“.

Браќата и сестрата заедно позирале пред фотографите

Децата на славниот актер ретко се појавуваат заедно на црвениот килим, но вчера направиле исклучок за да му дадат поддршка на Леви.


Најстариот син Леви избрал темен костум и светлосина кошула, додека неговиот помлад брат Ливингстон носел светлосин костум во комбинација со бела маица. Нивната сестра Вида се појавила во елегантен бел фустан.

Браќата и сестрата заедно позирале пред фотографите, а нивното појавување привлече големо внимание бидејќи јавноста ретко има можност да ги види сите тројца заедно.

Леви тргнал по стапките на својот татко

Најстариот син на Меконахи во последните години гради актерска кариера. За првпат се појавил на филмското платно заедно со својот славен татко во филмот „The Lost Bus“, објавен во 2025 година.

Леви во заедничко интервју со својот татко минатата година признал дека почнува да чувствува притисок поради познатото презиме.


„Да, тоа допрва почнува. Колку и да зборуваат луѓето дека сум добил нешто благодарение на татко ми или мајка ми, тие можат да ми ги отворат вратите, но штом ќе влезам, на мене е да покажам што знам. Тоа е моја одговорност“, изјавил тој.

Додал дека за успех во актерството е потребно да се има талент и постојано да се работи на себе.

Смета дека би било погрешно да не ги искористи можностите што можат да му ги понудат родителите, но нагласува дека потоа мора самиот да ги докаже своите способности.

Метју Меконахи: „Не смееш да мислиш дека нешто ти следува само по себе“

Славниот актер претходно зборувал за тоа како Леви ја добил својата прва филмска улога.

Во октомври 2025 година, тој гостувал во емисијата „Sunday Today With Willie Geist“ и објаснил дека тој и неговата сопруга Камила ги воспитувале своите деца да не очекуваат посебен третман поради славата на нивните родители.

„Камила и јас секогаш велиме: ’Никогаш немој да мислиш дека нешто ти следува само по себе‘“, изјавил Меконахи.


Тој објаснил дека Леви снимил видео за аудиција за филмот „The Lost Bus“, кое потоа го испратил до директорката задолжена за кастингот. Кога таа му кажала дека снимката е доволно добра за да му ја испрати на режисерот, тој ја замолил да го отстрани презимето на Леви.

Сакал неговиот син да добие шанса благодарение на сопствените способности, а не поради тоа што неговиот татко е познат актер.

„Седев таму како горд татко“

Меконахи признал и колку му значело тоа што имал можност да го гледа својот син за време на снимањето на нивниот заеднички филм.

„Му реков дека можам да му давам совети и да го научам на она што го знам, но кога ќе дојдеме на снимање, нема да бидам неговата сигурносна мрежа“, раскажал тој.


Додал дека Леви одлично се снашол и дека не барал постојано одобрување од него.

„Тој работеше со режисерот, а јас седев настрана како горд татко и си помислив: ’Тоа е тоа!‘“, се присетил актерот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk