Најпознатата манекенка на 90-тите искрена: „Не сакам повеќе да имам секс...“

Кармин

27/11/2023

14:08

18.409

Големина на фонт

а а а

Некогашната бомба на 90-тите, манекенката Линда Еванџелиста, неодамна за странските медиуми открила дека не е во љубовна врска и дека не чувствува потреба да има партнер.

Во интервју за „The Sunday Times“ Линда изјавила дека љубовта не ѝ е приоритет. Последен пат таа била во врска пред своите естетски корекции кои за малку ќе ја загрозеле нејзината здравствена состојба.


„Не ме интересира, не сакам повеќе да имам секс со никого. Не сакам да слушам како таа личност дише“, одговорила манекенката на прашањето од новинарот за пронаоѓање адекватен партнер.

Да ве потсетиме, последниве неколку години физичкиот изглед на Линда е тема на многу светски медиуми. Естетските корекции кои ги правела на своето лице трајно ја деформирале, а таа во една прилика во ексклузивно интервју за магазинот „People“ ја раскажала својата приказна.


„Не беше нималку подобро. Не се гледам во огледало. Отсекогаш сум знаела дека ќе остарам и знам дека постојат работи низ кои телото поминува. Но едноставно не мислев дека ќе изгледам вака. Не се препознавам физички, но сѐ повеќе не се препознавам ни како личност. Линда Еванџелиста како супермодел повеќе ја нема“, признала таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk