Чоко-моко тортата со готов пандишпан е вистински избор за сите оние кои немаат многу време да подготват десерт.
- Пандишпан (темни/светли);
- 300 грама пакување мелени бисквити;
- Малку чоколадно млеко;
- 800/850 грама кисела павлака;
- 500 милилитри кисела вода;
- 500 грама крем-шлаг;
- Шеќер во прав.
За филот потребно е да го изматите шлагот со киселата вода. Посебно изматете ја киселата павлака со шеќерот во прав, па додадете ги мелените бисквити. Измешајте за сѐ да се соедини, па додадете четири лажици од претходно изматениот шлаг и помешајте. Доколку е густо, додадете уште две лажички шлаг. Тоа може да варира поради сувоста на бисквитите.
Земете од пандишпанот и добро испрскајте го со чоколадно млеко. Кога ќе го впие убаво, намачкајте го пандишпанот со една третина од филот, а над него нанесете една третина шлаг.
Истата постапка повторете ја со останатиот дел од состојките и завршете со кора. И неа испрскајте ја со чоколадно млеко, а одгоре украсете со шлаг, чоколадни трошки или шеќерни украси по избор.
На здравје!