Доколку сакате економични и брзи рецепти, тогаш овие плескавици од компир се идеален рецепт за вас.
Доколку немате многу време за подготовка на оброк, направете брзи плескавици од компир и сирење. Станува збор за оброк без месо, но бескрајно вкусен и економичен.
Потребни ви се малку пари и уште помалку време, а ќе добиете ручек којшто може да го јадете со малку салата кој ќе ве воодушеви со вкусот.
- 800 грама компири;
- 100 грама тврдо сирење;
- 2 јајца;
- Една лажица брашно;
- Сланина по желба;
- Малку магдонос.
1. Компирот излупете го, изрендајте го, па исцедете го.
2. Тврдото сирење изрендајте го, а потоа додадете го во компирот и зачинете по желба.
3. Додадете ги изматените јајца.
4. Помешајте, додадете по желба сланина, малку магдонос, а потоа и брашно.
5. Од смесата направете плескавици кои ќе ги испржите на загреано масло, сѐ додека не станат златни.
Пријатно јадење!