Во Националниот парк Маврово, но и на други подрачја на државата е забележано зголемено присуство на кафеава мечка. Владата да прогласи кризна состојба на целата територија на Општината поради зголемено присуство на кафеавата мечка на овие простори и опасноста што таа ја има по граѓаните, бара Општина Маврово и Ростуше
Според процената што ја дава Општина Маврово и Ростуше, Стојанче Ангелов вели дека на територијата на националниот парк има од 160 до 180 мечки, а според одредени норми од стручни лица бројот на мечки би требало да биде 70. На територијата на државата има значително повеќе, неофицијално повеќе од 500 мечки.
Нема спас од мечките во Маврово-Ростуше, локалното население бара прогласување на кризна состојбаНема спас од мечките во Маврово-Ростуше, локалното население бара прогласување на кризна состојба
Posted by Сител ТВ on Friday, September 29, 2023
Општината Маврово и Ростуше одржала неколку средби со месните заедници, МВР, како и со претставници на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, и претставници на Министерството за животна средина, каде донеле одлука да поднесат барање за прогласување кризна состојба во рамките на територијата на Општина Маврово и Ростуше.
„Во понеделник групата за процена ќе се произнесе. Доколку заклучиме дека се исполнети условите за прогласување кризна состојба на ова подрачје, истото ќе го предложиме на управувачкиот комитет, а потоа Владата е таа којашто треба да одлучи што ќе се случи понатаму. Во нашата работа ќе вклучиме и активисти на Здружение за заштита на животните. Наша цел не е отстрел на овие животни. Ги сакаме мечките, но повеќе ги сакаме луѓето“, изјави денеска на прес-конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Иницијатива од Општина Маврово и Ростуше со којашто бараат прогласување кризна состојба на територијата на општината поради голема опасност од напади од мечки, чиј број бил енормно зголемен. Видео од утринава, петок
Posted by tirekovmirece.com on Friday, September 29, 2023
Од друга страна Николовски истакна:
„Ова е комплексно прашање за кое деновиве интензивно разговараат сите засегнати. Екипи на МЗШВ и раководителите на надлежните сектори за ловство и шумарство беа на терен, на средба со жителите во Маврово и Ростуше. Во 1997 година ние сме ја прифатиле со Закон ратификацијата на Конвенцијата со која мечките се заштитени и од тој период нивниот број расте. Секако дека забраната за отстрел постои, а и станува збор за Национален парк во кој МЗШВ нема ингеренции. Но, тука сме согласно законските регулативи да помогнеме да се најде решение зашто жителите се навистина во страв. Ова е нова состојба и тоа е уште една причина Законот за ловство и дивеч кој е во собраниска процедура да не биде блокиран и биде изгласан зашто во него постои можност кога има во урбани средини и други населени места загрозување на животот и објектите е регулирана постапката, но од друга страна мора да го имаме и хуманиот пристап. Во понеделник ќе има состанок за да се одлучи дали ќе и се предложи на владата прогласување кризна состојба. И утрово имавме состанок, ги разгледуваме сите механизми. Но, без согласност на Министерството за животна средина не може да има дозвола за отстрел, а од друга страна државните институции мора да ја гарантираат безбедноста на жителите во тие региони, истакна Николовски“, одговарајќи на новинарски прашања по изјавата со која го најави претстојниот втор Национален саем за храна и пијалаци „Вкуси ја традицијата“ што ќе се одржи на 7 октомври.