Netflix, попусти и уште многу – UniQ пакетот за млади на УНИБанка знае што ти треба

Макфакс

09/05/2025

11:27

306

Големина на фонт

а а а

Воведувањето на младите во финансискиот свет преку обезбедување на специјално дизајнирани банкарски пакети не е само начин на управување со парите туку и ги подготвува младите да ја трасираат својата финансиска независност и иднина.

Со цел да поттикне финансиска независност кај младите и можност за безбедно и едноставно плаќање УНИБанка АД Скопје воведува уникатен пакет наречен UniQ. Пакетот е за млади од 15 до 25 години и нуди многу поволности.

Младите со аплицирањето за пакетот добиваат бесплатна Mastercard® дебитна картичка за млади, бесплатно одржување на сметка, бесплатно УНИ СМС известување, дозволено пречекорување во износ од 15.000 денари без административен трошок одобрено без жиранти - само со индекс, како и бесплатна три месечна претплата на Netflix за нови клиенти.

А дополнително се добиваат и попусти и специјални промоции кај избрани трговци.

Овој пакет нуди многу поволности, прилагодени на потребите на младите, со што УНИБанка АД Скопје уште еднаш покажа дека е Банка за младите, доверлива финансиска институција која ги разбира нивните потреби и им дава поддршка во процесот на созревање, растење и нивно обликување во одговорни, мотивирани и независни возрасни личности.


Средношколците, студентите и вработените на возраст од 15-25 години, преку UniQ пакетот добиваат значајна поддршка во период кога се полни со идеи, очекувања и кога мали успеси ги носат поблиску до големите соништа, период кога е важно да се стекне самодоверба, да може да се одговори на сите предизвици.

За UniQ пакетот може да аплицира секое лице на возраст од 15-25 години, со тоа што за лицата под 18 години пакетот не вклучува дозволено пречекорување и Netflix претплата. Бесплатната претплата за Netflix важи и доколку веќе сте корисник на Netflix. Со навршување на 25 години возраст, престанува користењето на пакетот.

За повеќе информации и други новитети следи не на социјалните мрежи:

Facebook, Instagram, TikTok.

Искористи ја поволноста! Биди и ти UniQ...

Поддршката започнува во УНИБанка!

Комерцијален текст