Ема Хеминг Вилис, сопругата на актерот Брус Вилис, неодамна се појавила во ток-шоу и зборувала за борбата низ која поминуваат сите откако на нејзиниот сопруг му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција.
Од моментот кога дознал за дијагнозата, покрај него е целото семејство, но и неговата поранешна сопруга Деми Мур со која се во одлични односи. Повремено споделувале одредени семејни моменти, а по исповедта на Ема се огласиле и ќерките на Брус кои ги добил од бракот со Деми Мур.
„Навистина не би можела да бидам повеќе од ова горда на Ема Хеминг Вилис (иако не беше воопшто лесно) да ја сподели приказната на нашето семејство како би ја подигнала свеста за фронтотемпоралната деменција. Ема, ти си шампионка во ова и секојдневно ме инспирираш со твојата храброст и длабока љубов. Твојата храброст поместува планини“, напишала Скаут Вилис на „Инстаграм“.
Нејзината сестра Талула, исто така, се огласила, пишувајќи: „Толку сум горда на моето семејство“, а потоа ја означила Ема во објавата.
И покрај тоа што неговото здравје е нарушено, славниот актер не ја изгубил ведрината и волјата за живот, а тоа го докажуваат неговите неодамнешни фотографии. Бидејќи целото семејство се обединило околу него, се чини дека токму тоа го одржува актерот и му дава сила да се бори.
И покрај тврдењата дека неговото семејство се расправа за наследството и дека актерот неколкупати го менувал тестаментот, тие се неговата најголема поддршка.