Иако фризурата можеме да ја промениме било кога, почетокот на новото годишно време нѝ се чини како соодветна прилика за нови промени.
Ако размислувате за нова фризура, особено ако станува збор за кратка варијанта, сега е идеално време да го направите тоа бидејќи сè повеќе кратки фризури стануваат особено популарни периодов.
Покрај класичниот боб, тука се фризурите како бокс боб, како и секогаш атрактивниот италијански боб, модернизирана верзија на ретро шег фризурата и уште неколку други чија популарност ќе продолжи во текот на целата година.

Секогаш шик и прилично лесни за стилизирање, кратките фризури се идеален начин како да ја освежите косата за есенскиот период.
А ние ви претставуваме 4 предлози кои се истовремено модерни, ефектни и лесни за одржување.
Кај бокс боб фризурата најважна е формата и структурата, што особено може да се нагласи со патец на средина и рамно сечени врвови.
Ако веќе имате боб фризура, одлично освежување се шишките, а микро мини шишките кои благо паѓаат над веѓите би можеле да бидат кул избор.
Тренди залижаната пунџа е тешко изводлива на кратка коса, но затоа постои одлична алтернатива - залижете ја целата коса за шик мазна фризура.
Барби е најголемиот филмски хит ова лето, а русата нијанса на коса каква што ја носи Барби е многу популарна помеѓу боите за коси овој период.