Модерен и комфорен живот подразбира и голем животен простор. Меѓутоа, она што сме го замислиле и започнале да го градиме, со текот на времето се претвора во „дупка без дно“, па понекогаш нѝ е тешко да го опремиме домот онака како нѝ прилега.
Но, постојат семејства кои се задоволни и со малку квадрати и во нив живеат хармонично и без проблеми.
Денеска ви претставуваме приказна за едно четиричлено семејство со 2 мали деца, кое ја пронашло својата среќа во стан од само 28 квадратни метри. Тие на волку мал простор успеале да вметнат кујна, дневна и спална соба, додека единствената просторија со врата во овој стан е бањата.
Сепак, мајката Кетрин не се жали - напротив, таа смета дека овој живот им овозможил да се поврзат како семејство и уште повеќе да се зближат.
Станот првично имал само една соба и бања, но овој брачен пар со помош на полици за книги ја преградил собата и така во едниот дел се наоѓа кујната и дневната соба со креветче, додека во другиот дел од собата се наоѓа голем брачен кревет кој е воедно и спална соба на овој скромен пар.
Она што е посебно интересно е што Кетрин и Алекс работат од дома, па овие 28 квадрати им се воедно и единствениот работен простор кој го имаат. Додека децата си играат, тие двајца работат и водат грижат сите да бидат задоволни.