(Видео) Торта со пуслици и јагоди: Летен десерт кој долго време нема да го заборавите!

Кармин

10/06/2023

13:03

6.311

Големина на фонт

а а а

Овошната фантазија почнува и завршува со јагоди и пуслици – лесен и сладок десерт, на кој постојано ќе му се враќате.

Потребни состојки:

12 јајца
700 гр шеќер
2 лажици оцет или сок од лимон
4 пудинзи од ванила
250 гр маргарин
200 гр бисквити (мелени)
1 кг јагоди
5 кесички шлаг или 1 литар слатка павлака.


Подготовка за кората: 

Изматете 6 белки со 300 гр шеќер и една лажица оцет. Ставете ја смесата во веќе загреаната рерна на 220°C и печете 15 минути, а потоа намалете на 150°C и сушете ја уште 1 час и 45 минути. За тоа време направете уште една кора.

Фил: Изматетете 12 жолчки со 100 гр шеќер, додадете 4 кесички пудинг и 200 мл млеко. На оган ставете 800 мл млеко и смесата со жолчките згответе ја како пудинг. Оставете да се излади.


Изматете 250 гр маргарин и соединете го со изладената смеса за пудинг. Во едната половина од подготвениот фил додадете 200 гр мелени бисквити и 5 лажици шлаг. Во втората половина од филот не се додава ништо. Поделете ги двата филови.


Исечете ги јагодите, оставете неколку парчиња за декорација (по желба).

Склопување на тортата:

Кора – фил со бисквити – јагоди – жолт фил-кора – фил бисквити – јагоди – жолт фил – шлаг


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk