ChatGPT им ја „украде“ работата: Сега шетаат кучиња и поправаат климатизери

Точка

06/06/2023

18:44

18.760

Големина на фонт

а а а

Копирајтерот Ерик Фајн успешно го водеше својот бизнис цела деценија, наплаќајќи 60 долари на час.

Кога ChatGPT беше лансиран во ноември минатата година, копирајтерот Оливија Липкин (25) не размислувала многу за тоа. Всушност, се додека во една интернет група за допишување не се појавиле упатства за тоа „како да се користи алатката за вештачка интелигенција“.

Во април таа била отпуштена без никакво објаснување, но кога слушнала дека менаџерите зборуваат за тоа како е поевтино да се користи ChatGPT отколку да се плати копирајтер, сè и станало јасно.

- Чувствував вознемиреност секогаш кога некој ќе спомне ChatGPT, плашејќи се дека ќе ме заменат. Сега имам доказ дека е вистина, останав без работа поради вештачка интелигенција – изјавила Оливија.

Некои економисти предвидуваат дека технологијата би можела да замени стотици милиони работни места, во катаклизмична реорганизација на работната сила што ја отсликува Индустриската револуција.


Скептиците велат дека овој страв е преценет и дека алатките засновани на вештачка интелигенција ќе се користат само како помагала, што ќе им овозможи на вработените да работат побрзо и помалку.

Иако копирајтерите и креаторите на содржини за социјалните мрежи се чувствуваат како да се први на удар, некои експерти веруваат дека на вештачката интелигенција сè уште и недостасуваат вештини што ги поседуваат луѓето: личен глас и стил.

Копирајтер Ерик Фајн успешно го водел својот бизнис цела деценија, наплаќајќи 60 долари на час.


Но, во март, Фајн добил порака од неговиот најголем клиент: „Веќе нема да ни требате бидејќи компанијата се префрла на ChatGPT“.

Од истата причина биле откажани уште девет договори. Неговиот бизнис пропаднал преку ноќ.

Досега имал само еден клиент кој се вратил, незадоволен од работата на ChatGPT.

Фајн решил да најде работа која вештачката интелигенција не можела да ја работи, па се запишал на курс за техничар за клима уреди. Следната година планира да учи за водоинсталатер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг