Еден од најпознатите сајтови за торенти престанал со работа

Точка

01/06/2023

17:20

16.661

Големина на фонт

а а а

Оваа платформа била извор на бројни филмски и телевизиски изданија за милиони корисници ширум светот светот.

„RARBG“ познат сајт за торенти, вчера ги сопре своите операции по 15 години работа.

Оваа платформа била извор на бројни филмски и телевизиски изданија за милиони корисници ширум светот.


Основан во 2008-ма година, „RARBG“ станал важен фактор во светот на торентите – секој месец привлекувал милиони посетители од целиот свет и бил главна точка за дистрибуција на пиратска содржина.

Тимот се простил од своите корисници преку пораки поставени на насловната страница.


„Минатите две години беа тешки за нас, некои наши вработени починаа од коронавирус, додека други и ден-денес имаат последици од овој вирус поради што не се во можност да работат. Исто така, некои членови на нашиот тим се борат во војната во Украина, на двете страни. Растечките трошоци за работење во дата центрите ширум Европа исто така играа значајна улога. Со оглед на приходите кои тешко ги следат овие трошоци, гасењето на сајтот на крајот се чинеше како најрационална одлука“, напишале во своето соопштение.




Спонзорирани линкови

Маркетинг