Доаѓањето на Илон Маск во Кина предизвика општо воодушевување, го нарекуваат „Брат Ма“

Точка

31/05/2023

22:11

16.335

Големина на фонт

а а а

Милијардерот Илон Маск беше преплавен со пофалби за време на неговата посета на Кина оваа недела, а на социјалните мрежи го нарекоа „пионер“, „Брат Ма“ и „глобален идол“, додека извршниот директор на „Tesla“, „Twitter“ и „SpaceX“ исто така се сретна со тројца владини министри.

Откако слета во Пекинг во вторникот, Маск се сретна со кинеските министри за надворешни работи, трговија и индустрија и вечераше со Зенг Јукун, претседател на главниот снабдувач на батерии "CATL".

Малку се знае за што се разговарало. Министерството за индустрија соопшти само дека Маск и министерот размениле мислења за развојот на електричните автомобили. Министерството за трговија објави дека се разговарало за развојот на "Tesla" во Кина. Но, недостатокот на информации не ја спречи лавината од ентузијазам за Маск на кинеските социјални мрежи.


„Тој е глобална икона“, коментира еден корисник. „Илон Маск е едноставно одличен, кога Кина би имала некој како Илон Маск“, напишал друг.

Неговиот приватен авион го напушти Пекинг во средата навечер и се упати кон Шангај, каде што Маск има фабрика. Се очекува тој да отпатува во фабриката за да се сретне со персоналот, велат извори запознаени со плановите.


Ненајавеното патување на Маск е последното во серијата на бизнисменот во Кина откако земјата ја прекина политиката на нулти број на ковид случаи и ги отвори границите. Тим Кук од "Apple" ја посети земјата во март, додека Џејми Дајмон од "JPMorgan" и Лаксман Нарасимхан од "Starbucks" беа во Кина минатата недела.

Но, во споредба со скромното добредојде за неговите колеги, посетата на Маск е жешка тема, додека неговата популарност останува актуелна и покрај тензиите меѓу САД и Кина, со силен интерес за неговите коментари за вештачката интелигенција и електричните автомобили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг