Јапонската воздушна одбрана во состојба на готовност по најавата на Северна Кореја дека ќе лансира воен сателит

Макфакс

29/05/2023

11:57

1.267

Големина на фонт

а а а

Откако Северна Кореја објави дека ќе лансира воен шпионски сателит во периодот од 31 мај до 11 јуни, јапонските власти денеска објавија дека системот за одбрана од балистички проектили е активиран и ставен во состојба на готовност, предупредувајќи дека секоја ракета што и се заканува на Јапонија ќе биде соборена.

Нуклеарно вооружената Северна Кореја соопшти дека го лансирала својот прв воен шпионски сателит, а севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун ги одобрил подготовките за лансирање, пренесува Ројтерс.

„Владата признава дека постои можност сателитот да помине преку територијата на нашата земја“, изјави секретарот на јапонската влада Хироказу Мацуно на редовниот брифинг со новинарите.

Ова е прво предупредување од јапонските власти.

Во април, Јапонија го испрати својот разурнувач во Источното Кинеско Море вооружен со стандардни ракети-пресретнувачи тип 3 СМ-3, кои исто така можат да погодат цели во вселената, а ракетните системи PAC-3, дизајнирани да уништуваат крстосувачки ракети поблиску до земјата, се распоредени на островот Окинава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг