Бидете секогаш заводливи: Од илјадници женски парфеми, мажите несомнено „паѓаат“ на овие 3!

Кармин

26/05/2023

19:17

9.140

Големина на фонт

а а а

Дали мирисот има моќ да го привлече мажот кој ви се допаѓа? Одговорот е јасен: „Да“! Одредени мириси делуваат како афродизијаци, ги будат сите сетила и ја разгоруваат фантазијата, а тоа може да го дознаете и на „ТикТок“ профилот „Schoolboy’s Scents“.

Дечкото кој се претставува како експерт за парфеми ни откри какви парфеми мажите сакаат да почувствуваат на жените, пренесува „Story.hr“. „Мажите не обрнуваат внимание само на изгледот на жената, туку пред сè на нејзиниот мирис – и тоа многу интуитивно“. „Значи, дали следниот избор на парфеми може да помогне да ја привлечете вашата симпатија? Секако дека да!“

Доколку барате нов парфем за оваа сезона и сакате да го заинтригирате спротивниот пол, ви ги претставуваме 3 парфеми кои секогаш се добар избор според овој млад експерт:

YSL Libre

Ова е топол и елегантен мирис кој содржи ноти на јасмин, цвет од портокал и слатка лаванда и е идеален за оние посебни, елегантни прилики каде што сакаме да ја покажеме нашата најдобра верзија. Парфемот е наменет за силни и самоуверени жени, кои силно мирисаат во склад со нивниот карактер.



Tom Ford Lost Cherry

Ова е овошен и сладок мирис со ноти на црна цреша, горчлив бадем и ликер.




Xerjoff Lira

Лира е „фем фатал“ со гурмански вибрации на карамела, пенлив цитрус, освежителна лаванда и цимет за опоен мирис.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk