Секој хороскопски знак има различен начин на однесување на првиот состанок, а рибите се сметаат за највнимателните. За поединци, првиот состанок може да биде стресен или пак возбудлив, секако полн со исчекување, па така и сите ние сме различни во тие мигови.
Сепак, се верува дека хороскопските знаци изгледаат oтприлика вака:
Овен – Настапува самоуверено, верувајќи дека ќе се случи и втора средба.
Бик – Не открива важни работи за себеси, но затоа чека другата страна да „му ја отвори душата“.
Близнаци – Нервозни, па затоа зборуваат по 200 на час.
Рак – Повлечен и срамежлив, но многу шармантен.
Лав – Размислуваат само на сопствениот изглед
Девица – Потребно им е да се опуштат пред да започнат разговор, па се одлучуваат за чаша алкохол.
Вага – Веднаш покажува колку е духовита и мила
Скорпија – Влегува во приказната со „отворено“ срце
Стрелец – Поставува премногу прашања
Јарец – Остава добар и силен впечаток.
Водолија – Сака да споделува анегдоти од детството
Риби – Кон другата личност се однесуваат со нежност и внимание