(Фото) Ќе го произведува ли „BMW“ преубавиот „Touring Coupe“?

Точка

24/05/2023

12:05

12.134

Големина на фонт

а а а

Кратко по премиерата се појавија гласини за можноста за започнување на производството.

„BMW“ и оваа година подготви нешто посебно за „Villa deEste Concorso deEleganza“, своевиден саем на автомобилска убавина. Името му е „Concept Touring Coupe“, а станува збор за преработка на „Z4“, по која „роудстерот“ стана многу атрактивно купе.


Елегантно „BMW“ не сме виделе уште од серија 8, барем кога станува збор за асортиманот на патнички автомобили. Многумина се прашуваат дали ова конечно е вистинската работа, доказ дека дизајнерите на премиум марките се будат од сонот кој трае веќе со години.


Овој автомобил многумина ќе потсети на „Z3 M Coupe“, автомобил кој и денес има посебен статус. Освен дизајнот, нема други изненадувања. Основата е „Z4 M40i“ што во превод значи дека го придвижува шестцилиндарски бензинец.


Освен новиот кров, автомобилот добил и уникатни бандажи од 20 инчи напред и еден број поголеми одзади. Благи измени се направени на „бубрезите“, а за соодветен впечаток на луксуз се погрижила италијанската куќа „Poltrona Frau“, која ја „облекла“ кабината со двобојна кожа.


И сега најинтересното – шефот на дизајн во „BMW“ Адриан ван Хојдонк ја остава опцијата за производство отворена.

„Concept Touring Coupe моментално е единствен, уникат. И нема конкретни планови за пуштање во производство. Но, се договоривме дека ќе има, доколку има доволно интерес. Тоа би можело да биде мала серија, можеби 50-тина автомобили“, рекол тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг