(Видео) Пита од лиснато тесто со шунка и кашкавал: Крцкава кора и шарен фил – совршена за сите прилики

Точка

01/04/2023

20:02

21.469

Големина на фонт

а а а

Питите се едноставни за подготовка, а рецептите за нив се многубројни.

Ако обожувате да ги јадете, наш денешен предлог е да ја подготвите оваа пита со крцкаво лиснато тесто и богат фил. Во неа се става шунка или сувомеснато по ваш избор, два вида кашкавал (можете да користите ист ако ви е полесно) како и зеленчук.

Брзо се подготвува, а се пече само 20 минути, така што е одлична кога ќе ви се најават гости, но и како празнично предјадење.

Потребни состојки:

- 600 гр. лиснато тесто
- 30 мл. масло за јадење
- италијански зачин
- 150 гр. моцарела кашкавал (рендана)
- 100 гр. шунка
- 100 гр. кашкавал (парчиња)
- 1 црвена пиперка
- 50 гр. маслинки
- 1 јајце

Начин на подготовка:

Премачкајте половина од лиснатото тесто со масло (по должина). Премачканиот дел наросете го со италијански зачин, па додајте го ренданиот кашкавал и шунката. Одозгора наредете ги парчињата кашкавал, сечканата пиперка и маслинките.


Другиот дел од тестото избоцкајте го со сламка (како на фотографијата). Замотајте во ролат, добро затворете ги краевите и исечете го вишокот тесто. Ставете го на тава обложена со хартија за печење и премачкајте го со едно изматено јајце.

Печете на 180 степени околу 20 минути.



Спонзорирани линкови

Маркетинг