(Видео) „Атмосферата е наелектризирана“: Овој момент од концертот на Тејлор Свифт го обиколи светот

Кармин

21/03/2023

16:00

5.169

Големина на фонт

а а а

Момент од концерт на Тејлор Свифт насмеа многумина поради нејзината „наелектризирана“ коса.

Додека таа го пеела својот сингл „I Knew You Were Trouble“ во саботата на стадионот Стејт Фарм во Аризона, изгледало како прамените од косата на Свифт да се подигнати од статички електрицитет.

На концертот во рамките на турнејата „The Eras“, нејзините фанови го „уловиле“ овој вирален момент кој ги преплави социјалните мрежи. Всушност, нејзината наелектризирана коса стана хит на ТикТок откако еден обожавател сподели видео од концертот.

Многумина прво помислиле дека нејзината коса е дел од костимографијата, но се покажало дека имала проблем со фризурата, односно дека нејзината коса „се наелектризирала“.

„Колку повеќе го гледам ова, толку станува посмешно“, „Дефинитивно летаа искри на концертот“, „Знам дека Тејлор го гледа ова видео и силно се смее“, „Атмосферата е наелектризирана“, се само дел од коментарите на нејзините обожаватели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk