Анализата на снимките стари 30-на години покажала дека Венера е геолошки жива планета.
Научниците веќе половина век се обидуваат да пронајдат знаци на вулканска ерупција на Венера, но нејзината густа атмосфера го оневозможува набљудувањето од Земјата.
Во новото истражување научниците во снимките од одамна завршената вселенска мисија успеале да пронајдат докази за вулканска ерупција – виделе како вулкан на Венера го менува својот облик и се шири.
Авторите на истражувањето, објавено во списанието „Science“, толкуваат дека мисијата на НАСА „Магелан“ од 1990 до 1992 година од орбитата на Венера, ја снимила површината на планетата со помош на радар.
Кога ги истражиле видеата на вулканското подрачје кое два или три пати ги направил „Магелан“, идентификувале вулкански отвор со површина од околу 2,2 километри квадратни којшто осум месеци меѓу две радарски слики го променил обликот. Покрај тоа воочиле и можни текови на вулканска лава.
Сепак, за нејзиното излевање нема идентификувани потврди затоа што постои можност забележаните формации да постоеле и претходно.
Супстанцијата која го исполнува отворот може да биде карпест одрон предизвикан од лизгање на земјиштето. Исто така можно е формациите налик на поток веќе да биле присутни на фотографиите од февруари, но да не можеле да се видат поради аголот на снимање.
Recent volcanic activity has been observed on Venus for the first time.
— NASA (@NASA) March 16, 2023
Scientists made the discovery by poring over archival radar images of Earth’s twin taken in the '90s by our Magellan mission. Our VERITAS mission is set to investigate: https://t.co/ookpSRqlhk pic.twitter.com/DwEv4EJq9E
Мисијата „Магелан“ била првата која ја снимила целата површина на Венера пред вселенското летало во 1994 година намерно да биде испратено во жешката, отровна атмосфера на планетата за да собере податоци.
„Овие резултати ги набљудуваме како потврда дека на Венера постои постојана вулканска активност“, изјавил Роберт Херик, еден од научниците ангажиран на овој проект.
„Не очекував дека ќе биде успешен, но по околу 200 часа рачно споредување на фотографиите од различни орбити на Магелан, видов две фотографии од ист регион направени во растојание од осум месеци кои покажуваат индикативни геолошки промени предизвикани од ерупција“, додал тој за „CNN“.
Промената на фотографиите е забележана во регионот Атла, големо планинско подрачје во кое се наоѓаат двата најголеми вулкани на Венера, наречени Оза Монс и Маат Монс. И двата се слични на најголемите вулкани на Земјата, со оглед на тоа дека имаат нижи падини, повеќе се раширени, како што објаснил Херик.
Резултатите ја изненадиле научната заедница. Научниците и претходно имале потврди за вулканска активност на Венера, но очекувале дека ќе ги пронајдат на почетокот на 30-тите години кога на Венера ќе пристигнат две вселенски летала со врвни радарски состави кои продираат низ облаците – „Veritas“ и „En Vision“.
Ова откритие има големо значење за научната заедница затоа што може да помогне во толкувањето на тоа како две слични планети по состав и големина– Венера и Земјата, во својата еволуција тргнале по различни патишта.