„Не морам да пијам апчиња, фала Богу“: Ешли Греам откри дека нејзиниот сопруг направил вазектомија откако добиле близнаци

Кармин

18/03/2023

22:46

6.465

Големина на фонт

а а а

Познатиот плус сајз модел, Ешли Греам, неодамна откри дека нејзиниот сопруг Џастин Ервин направил вазектомија откако таа роди близнаци минатиот мај.

Таа ја откри оваа информација во подкастот „Milk Drunk“ додека разговараше за воспитувањето на нејзините три деца и нејзиниот 34-годишен сопруг.

На прашањето дали навистина планира да има четврто дете откако се пошегува дека сака да има уште едно оваа година, таа појасни дека нејзиниот сопруг се одлучил на овој потег минатата година.


„Не морам да пијам апчиња, фала Богу. Медицинската процедура беше релативно безболна за мојот сопруг, кој веднаш дојде на шопинг со мене“, изјавила 35-годишната манекенка.

Манекенката не ги откри причините за нивната одлука, но претходно зборуваше за своето трауматично искуство по спонтаниот абортус 11 месеци пред да ги роди близнаците.


Таа додаде дека последиците и искуството по породувањето го промениле нејзиниот однос со сопственото тело, кои доведе до губење на самодовербата и позитивноста.

Покрај близнаците Роман и Малахи, Греам и Ервин го имаат и тригодишниот син Исак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk