Српската тенисерка Ана Ивановиќ често споделува семејни фотографии на социјалните мрежи, но најновата фотографија особено ги израдува нејзините фанови.
Имено, Ана објави дека нејзиното семејство ќе се зголеми бидејќи таа е бремена по трети пат.
На фотографијата која ја носи среќната вест, славната тенисерка позира насмеана со својот сопруг Бастијан Швајнштајгер, лежерно облечена и стилски одмерена, по што е позната и во модниот свет.
„Бастијан и јас официјално ќе бидеме надбројани“, напишала Ана во објавата.
Од почетокот на бракот со фудбалерот во 2016 година, 35-годишната Ивановиќ не престанува да го привлекува вниманието на медиумите, иако му е посветена на мирниот, семеен живот.
Ана и Бастијан заедно ги имаат синовите Лука (5) и Леон (3), а од денес јавноста знае дека оваа убавица ќе стане мајка по трети пат.

