Објаснувањето за Бигфут е толку едноставно? Научниците тврдат дека знаат за што станува збор

Точка

31/01/2023

15:38

16.282

Големина на фонт

а а а

Бигфут, големото, влакнесто мајмунолико суштество кое наводно се наоѓа во северозападна Америка, е мистерија која со години ги збунува луѓето ширум светот, но научниците сега веруваат дека постои едноставен одговор на него.

Иако никој не документирал блиска средба со него, снимките и фотографиите на кои наводно се гледа Бигфут се насекаде на интернетот, а како најчест доказ луѓето наведуваат фотографии од големи отпечатоци од стапала. Новото истражување на научничката Фло Фоксон тврди дека луѓето всушност гледале црни мечки кои газат на задните нозе.

Иако црните мечки обично ги користат сите четири нозе, тие исто така имаат добра рамнотежа на задните нозе. Во овој став мечките стојат исправени како луѓето, па може да одговараат на профилот на тоа како луѓето го замислуваат Бигфут, наведува „Science Alert“.

Постаро истражување: Каде има повеќе мечки, повеќе луѓе го виделе Бигфут

Слично истражување на споменатата научничка од 2009-та година исто така покажало поврзаност на наводниот Бигфут и црната мечка. Спроведена е анализа во регионите на САД и Канада каде што живеат мечки во близина на луѓето.

Фоксон тогаш користела постоечка географска база на податоци за извештаите на очевидците на Бигфут, а потоа ја споредила со локалните податоци за црните мечки. Заклучила дека луѓето би можеле да ги заменат мечките за Бигфут со оглед на тоа дека поголем број на луѓе го виделе Бигфут таму каде што има поголем број на мечки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг