Само еден поглед и сè е јасно: Ќерката на Моника Белучи променила една работа во својот изглед и сега неодоливо потсетува на својата мајка

Кармин

24/01/2023

20:22

5.957

Големина на фонт

а а а

Иако мајка ѝ е една од најубавите и најпопуларни жени во светот, Дева Касел сè досега не се експонирала често во јавноста.

Сепак, би можело да се каже дека ќерката на светски познатата Моника Белучи пораснала во прекрасна жена и дека со текот на времето јавноста сè подобро ја запознава.

Изминативе денови биле возбудливи на модната Недела во Париз, а таму имавме можност да ги видиме најновите, најатрактивните модели, како и оние кои предизвикале полемика во модниот свет.

Најголемо изненадување за сите биле идентичните фустани на манекенките Ирина Шајк и Кајли Џенер, но не се само тие кои привлекле големо внимание во јавноста.

Модната куќа „Диор“ неодамна ја претставила својата колекција на модни парчиња, а меѓу големиот број на познати личности од светот на модата, филмот и музиката, се нашла и таа – ќерката на италијанската дива Моника Белучи, Дева Касел.

Дева немавме можност често да ја гледаме во јавноста со својата мајка, а тоа што овојпат одлучила да го прикаже навистина било вредно за внимание.

Сите очи од јавноста биле насочени во младата девојка која според мислењето на многумина личи многу на својата мајка.

Таа на настанот се појавила во црн, елегантен фустан, а целокупниот изглед го надополнила со витканата коса.

Дева сега има црна коса со која доаѓа до израз нејзината женственост, но и цртите на лицето кои јасно покажуваат од кого ја наследила својата убавина.

Фотографиите кажуваат и повеќе од илјада зборови – Дева пораснала во прекрасна жена која е подготвена да го освои овој свет, баш како и нејзината мајка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk