Славната актерка Изабел Аџани се појавила на ревијата од модната куќа „Диор“ на модната Недела во Париз која е во тек.
Популарната Изабел (67) едноставно не дозволила природата да го направи своето, па низ годините користела разни методи и пластични операции за да го забави стареењето.
Резултатите од тоа ги покажуваат фотографиите од Париз, но и фотографии од претходните години на кои тешко може да ја препознаете актерката на која пластичните хирурзи ѝ го смениле изгледот, а чие име со години наназад се појавува за жал поради таа причина.
Изабел не го издржала големиот притисок на којшто се изложени жените од светската јавна сцена, а кои ги тераат по секоја цена да го одржуваат младоликиот изглед за да ја сочуваат својата позиција во шоубизнисот.
Има и такви кои им пркосат на тие правила и сурови стандарди на убавина, како што е Шерон Стоун со која оваа актерка глумела во филмот „Diablolique“.
Зад одлуката на Изабел да има бројни пластични операции сигурно има причини...
Во текстовите за Изабел кои „LA Times“ во 1996 година ја прогласува за најубава актерка во историјата, се наоѓаат приказни и за поразувачката трансформација на изгледот, но нејзините блескави актерски успеси никако не се забораваат.
Изабел пет пати ја освоила наградата „Cezar“ за најдобра актерка, пред 41 година била двојна добитничка на награди во Кан, а двапати била номинирана за Оскар во категорија најдобра актерка.
Актерката пораснала со мајка ѝ Германка и татко Алжирец. Нејзината мајка поради љубовта кон нејзиниот татко го напуштила тогашниот сопруг и двете мали деца и не се покајала поради тоа.
Се знае дека Изабел пораснала во Париз. Филмски агент ја забележал кога имала само 14 години, добила прва улога, а на 19 години станала најмладата актерка номинирана за Оскар за улогата во филмот „L'Histoire d'Adèle H.“.
Интригантните детали од нејзиниот живот се оние што татко ѝ, ѝ забранувал да се гледа во огледало за да не стане суетна. Ѝ биле потребни години психотерапија за да ја прифати својата убавина.
Кога станува збор за љубовниот живот, се издвојува со осум најважни врски, а најголемата љубов ја доживеала со актерот Даниел Деј Луис којшто подоцна уживал покрај Џулија Робертс и тоа додека таа се породувала.