Интервју со Тодорка Сајкова - заврши Мовембер акцијата на Прилепска Пиварница

Точка

02/12/2022

14:44

162.107

Големина на фонт

а а а

Прилепска Пиварница, како една од општествено одговорните компании во нашата земја, во месец ноември организираше хуманитарна акција по повод Мовембер. Во продолжение може да го проследите интервјуто со бренд менаџерката за пиво на Прилепска Пиварница, Тодорка Сајкова.

Прилепска Пиварница долги години е дел од македонскиот пазар. Која е инспирацијата и целта на вашата компанија, како успевате да бидете едни од најдобрите во својата дејност?

Крајниот потрошувач отсекогаш бил инспирација и мотивација за постојано усовршување на портфолиото на „Прилепска Пиварница“, со цел тој да го добие најдоброто искуство при консумирање на нашите пијалaци. Целта кон која се стремиме е да ги задоволиме барањата и очекувањата од нашите фанови и да ја задржиме нивната доверба со развивање нови, возбудливи производи, со врвен квалитет. Со посветена работа на нашите тимови настојуваме да ги унапредиме пазарните позиции, да освоиме нови пазари, притоа чувајќи ги интересите на компанијата, на вработените и на консументите кои секогаш ги потсетуваме „Консумирајте одговорно!“.

Која е традицијата на Прилепска Пиварница и, воедно, на кој начин ја поддржувате заедницата?

„Прилепска Пиварница“ уште од своето основање во 1924 година ја негува традицијата за производство на пиво, а во подоцнежните години и на безалкохолни пијалаци, кои прераснаа во големи препознатливи брендови, со уникатни карактеристики и квалитет по кој се издвојуваат на пазарот.

Заштитен знак на Пиварницата е висококвалитетно пиво. Почнувајќи од „Златен Даб“ и „Крали Марко“, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па сè до „Tuborg“ и „Carlsberg“, кои се едни од најквалитетните светски пива, кои преку „Прилепска Пиварница“ се достапни на македонскиот пазар.

Газозата е традиционалниот освежителниот газиран безалкохолен пијалак, со кој се врзуваат многу генерации. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, „Прилепска Пиварница“ ги полни пијалаците на „Pepsi Cola International“: „Pepsi“, „Pepsi Max“, „Pepsi Lime“, „7UP“, „Mirinda Lemon“ и „Mirinda Orange“.

Преку нашата дејност ние сме неминовно поврзани со заедницата. Покрај тоа што се грижиме да ги пласираме нашите производи до секоја општина во државата, ние се грижиме и за нивниот напредок и придонесуваме преку поддршка на различни проекти од областа на културата, уметноста и спортот. Секојдневно работиме на унапредување на производствените процеси за да ја заштитиме животната околина. Ги негуваме корпоративните вредности, со кои се идентификуваат не само нашите вработени, туку и блиските соработници, клиенти и потрошувачи. Веруваме во заедништво, емпатија, поддршка и помош, и ги поттикнуваме и другите што се во можност да го направат тоа.


Прилепска Пиварница на многу хуман начин го одбележа Мовембер. Кажете ни малку повеќе за тоа – кој е мотивот и крајната цел и кој сè беше вклучен во оваа акција?

Оваа година се одлучивме да дадеме поддршка на оние општествени сегменти што се најранливи или врз кои можеме да влијаеме со позитивен пример, како што е кампањата „Мовембер“. Прилепска Пиварница, со својот бренд „Златен Даб“, се приклучи кон глобалното движење за подигнување на свесноста за поголема (редовна) грижа за машкото здравје, преку спроведување на кампањата „Мовембер – На здравје, за машкото здравје“.

Кампањата „Мовембер“, освен преку дигиталните канали, беше комуницирана и директно на самиот производ, преку специјално изработените етикети за „Златен Даб“ во стаклена амбалажа од 0,33л и 0,5л, со симболичните мустаќи. Со скенирање на QR-кодот, нашите потрошувачи имаа можност да се едуцираат преку специјално изработена веб-страница, која содржи информации и совети за вршење редовни прегледи и рана детекција на тешки заболувања кај машкото здравје. Во текот на кампањата Прилепска Пиварница од секое купено пиво „Златен Даб“ одвојуваше одреден паричен износ, кој беше наменет за донација на Универзитетската клиника за урологија во Скопје за набавка на потребна медицинска опрема.

Од каде идејата да донирате парични средства токму за оваа целна група?

Идејата произлезе од глобалното движење „Мовембер“, како и од целта да се популаризира темата за машкото физичко и психичко здравје. Сметаме дека сè уште има простор вниманието да се сврти кон превентивните лекарски прегледи, а тоа може да се постигне само доколку најдеме начин да го комуницираме. Што похуман и покреативен начинот на комуникација – тоа подобри резултати. Мажите се нашиот најширок таргет и како компанија водиме сметка да ги потсетиме за важните работи во животот какви што се здравјето и општата благосостојба.

Со оглед дека Прилепска Пиварница важи за исклучително општествено одговорна компанија, кои се вашите планови за следната година?

Кампањата „Мовембер“ беше пилот-проект оваа година, но позитивните коментари и поддршката што ја добивме од наши клиенти и соработници нè мотивира да ја планираме и во наредните години. Прилепска Пиварница и во иднина ќе продолжи да се фокусира на заедницата и на создавањето општествени вредности. Сакаме да бидеме пример на домашна компанија што се грижи за вистинските вредности.



Спонзорирани линкови

Маркетинг