Во астероидот кој паднал во Африка откриени два чудни минерали, досега невидени на Земјата

Точка

02/12/2022

22:15

31.665

Големина на фонт

а а а

Научниците во текот на анализата на огромното вселенско парче карпа кое паднало во Сомалија откриле досега невидени материјали. Пронашле повеќе непознати минерали. Два се анализирани и класифицирани, а именувањето на третиот моментално го разгледува Меѓународното минералошко здружение.

Планетарниот геолог Крис Херд од Универзитетот Алберта во Канада го претставил откритието на овие минерали на 21-ви ноември на Симпозиумот за истражување на вселената. Минералите се наречени „elaiite“ и „elkinstantonit“, пишува „Science Alert“.

„Кога ќе пронајдете нов минерал, тоа значи дека геолошките услови и хемијата на карпите биле поинакви од тоа што порано сме го виделе. Поради тоа е ова возбудливо, во овој конкретен метеорит имате два минерали кои се нови за науката“, рекла Херд.


Се наоѓал во Сомалија со генерации, за него се пее и во песни

Споменатата карпа, пронајдена во близина на градот Ел Али, дури неодамна е идентификувана како метеорит. Станува збор за камен од 15,2 тони, што го прави деветти метеорит по големина пронајден на Земјата.

Засега не е познато кога точно паднал на нашата планета, но локалното население го нарекува „Nightfall“, а за него во текот на 5 до 7 генерации се зборувало фолклорот, песните и танците. Се користел за брусење на ножеви.

Експертите го пронашле во 2019-га година, кога на тоа подрачје трагале по опал. Забележале чудна карпа, земале примероци и му ги пратиле на Херд на анализа и класификација. Херд набрзо утврдил дека всушност станува збор за железен метеорит од семејството „IAB“ и го нарекол Ел Али, според градот во близина.

Во класификацијата „IAB“ влегуваат околу 350 метеорити, а ги карактеризира, меѓу другото, претежно железо-никелен состав со инклузии на силикат. Се претпоставува дека настанале кога железен астероид се стопил при удар. За да го класифицираат метеоритот, Херд и неговиот тим направиле анализа не неговиот хемиски состав и забележале нешто чудно.

Забележале дека некои од инклузиите имаат необична текстура, па Херд побарал помош од минерологот Ендру Локок од Универзитетот Алберта, кој набрзо утврдил дека во метеоритот постојат најмалку два досега непознати минерали.


Завршил на пазарот?

Третиот потенцијален нов минерал сè уште минува низ процес на индентификација и класификација, а експертите сега работат на истражување кое ги опишува процесите на формирање на овие новооткриени минерали и што тоа значи за формирањето на самиот метеорит Ел Али.

„Тоа е мојата струка – како да пронајдам геолошки процеси и геолошка историја на некој астероид. Никогаш не сум мислел дека ќе работам на опишување на сосема нови минерали само благодарение на пронаоѓање на метеорит“, објаснил Херд.

Што се однесува до самиот метеорит, тој е отстранет од местото на кое лежел со генерации и пренесен во главниот град на Сомалија, Могадишу. Таму е измерен, а потоа го преземала сомалиската влада. Не е познато што се случило со него после тоа, но постојат извештаи дека е пренесен во Кина, каде завршил во рацете на трговците со метеорити.

Научниците се обидуваат да му влезат во трага со надеж дека во соработка со трговците и колекционерите на метеорити ќе добијат уште парчиња од оваа скапоцена карпа и ќе продолжат со истражувањата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг