Случајот обелоденет по две години! Разрешена директорката на училиштето во Градско каде ученик трпел булинг

Точка

01/12/2022

19:03

6.173

Големина на фонт

а а а

Омалуважувања и физички напад трпело дете од деветто одделение од основното училиште „Даме Груев“ во Градско.

Ова малтретирање траело две години, сè додека еден ден детето не си заминало дома со гребаници по телото и искината долна облека, по што родителите случајот го пријавиле во Министерството за внатрешни работи (МВР).

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска изјави дека на случајот работат социјални работници од Центарот за социјални работи од Велес.

„Секоја злоупотреба и секое насилство на дете треба да се пријавува во центрите за социјална заштите, во овој случај од Велес. Се преземаат мерки од страна на социјалните работници. Ќе се испита случајот и по известувањето за случајот ќе се преземат понатамошни мерки“, рече Тренчевска.

Се огласи и градоначалникот на општина Градско, кој преку Фејсбук соопшти дека ја разрешил директорката на ООУ „Даме Груев“.

?Деновиве сме сведоци на немил настан во основно училиште во општина Градско. ➡️Во ниту еден момент не останав имун...

Posted by Киро Нацков - Градоначалник на општина Градско on Четврток, 01 декември 2022

„Во рамки на моите надлежности веднаш соопштувам дека во рамките на училиштето ја разрешувам директорката на ООУ Даме Груев“, напиша меѓу останатото градоначалникот на општина Градско, Киро Нацков.




Спонзорирани линкови

Маркетинг