Тест мисијата на НАСА влезе во орбитата околу Месечината, ќе лета 64.000 километри

Точка

26/11/2022

11:00

23.406

Големина на фонт

а а а

Десет дена по лансирањето на беспилотната вселенска мисија „Артемис I“ на НАСА, леталото Орион влезе во орбитата на Месечината.

Вселенското летало ќе лета 64.000 километри над Месечината, соопштила американската вселенска агенција во петокот.

Поради должината на орбитата на капсулата ќе и биде потребна една недела да мине половина орбита околу Месечината, по што ќе излезе и ќе почне се враќање кон Земјата, наведува НАСА.

Орион исто така би требало во сабота да урне рекордот за најголема оддалеченост од Земјата која ја прелетало едно летало дизајнирано за лет на астронаути.

Рекордот во 1970-та година го постигнал Аполо 13.


Новата вселенска програма на НАСА, Артемис, конечно, по многубројни откажувања, минатата недела почнал со лансирање на леталото Орион.

Целта на програмата е повторно слетување на американски астронаути на Месечината, прв пат по речиси 50 години.

Мисијата Артемис I, која е без екипаж, ќе го одведе леталото Орион на далечина од 64.000 километри од Месечината за да ги демонстрира своите способности.

Откако ќе се врати на Земјата, следи Артемис II, прв вселенски лет на Орион со екипаж.


Слетувањето на Месечината ќе биде пик на мисијата на Артемис.

Првично планиран за 2024-та, овој многу важен настан би требало да се одржи најрано во 2025-та година.

Мисијата ќе однесе четворица астронаути во орбитата на Месечината во вселенското летало Орион, каде двајца од нив – најмалку една жена – ќе преминат во летало на „Space X“ за конечен пристап до Месечината.

САД пратиле 12 астронаути на Месечината меѓу 1969-та и 1972-ра година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг