Магазинот „GQ“ ја прогласи Бела Хадид за славна личност со најмногу стил

Кармин

24/11/2022

12:02

3.517

Големина на фонт

а а а

Магазинот „GQ“ ја прогласи манекенката Бела Хадид за славна личност со најмногу стил.

Жирито кое го избрало победникот навело дека оваа славна манекенка е „мајсторка на стилот“ и дека „особено знае совршено да искомбинира парчиња кои инаку ги носат мажите“.

„Хадид изгледа подобро во машка облека од повеќето мажи“, се наведува во написот.

Носеше ревии за бројни луксузни модни куќи, помеѓу кои „Bvlgari“, „Balenciaga“, „Dior“ и „Versace“, а минатиот месец на ревијата во Париз имаше впечатлив „настап“.

Бела се појави на модната писта во гаќички, а дизајнерите на брендот „Coperni“ пред очите на публиката, со помош на спреј на нејзиното тело создадоа прекрасен бел фустан.

За потсетување, Хадид во 2019 година беше прогласена за најубава жена на светот. Нејзините пропорции на лицето со 94,35 отсто одговараат на „златниот пресек“, мерка која претставува физичко совршенство.

Меѓутоа, титулата за најубава жена на светот ѝ ја „украде“ англиската актерка Џоди Комер. Истражувачите неодамна објавија дека нејзините очи, нос, усни, брада, вилица и облик на лице се најблиску до идеалните мерки со резултат од 94,52 отсто.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk