Неодолив рецепт за ручек: Чорба од леќа и телешко месо која ќе ве врати во детството

Кармин

04/10/2022

21:52

7.163

Големина на фонт

а а а

Богата и обилна чорба од говедско месо и леќа е рецепт полн со здрави состојки.

Оваа хранлива чорба е совршен семеен оброк за студените есенски денови, чија подготовка без готвење ќе ви одземе помалку од 20 минути. Но и да ве врати низ времето, токму на масата, во кујната на баба ви.

Состојки:

- 2 лажици масло;
- 1 кг. говедско месо, исечкано на коцки (може да се замени и со свинско месо);
- 1 кромид, сечкан;
- 3 чешниња лук, мелени;
- 4 моркови;
- среден корен од целер, сечкан;
- 1,5 чаши сушена леќа, зелена или кафеава;
- 400 мл. сок од домати;
- 6 чаши говедска супа;
- 1 чаша суво црвено вино;
- 3 ловорови листови;
- 1 лажица сува мајчина душица;
- сол и бибер по вкус;
- свеж магдонос за украсување.


Подготовка:

Загрејте го маслото во големо тенџере и пропржете го кромидот неколку минути.

Додадете говедско месо и лук. Пржете го месото, редовно мешајќи, 5 до 10 минути, додека сите страни на месото не поруменат.


Во тавата ставете ги морковот, целерот, леќата, доматите, телешката супа, виното, ловоровиот лист и другите зачини од списокот и почекајте да зоврие.

Кога ќе зоврие, поклопете, а потоа намалете ја топлината. Гответе ја чорбата околу 60-75 минути, додека леќата и говедското месо целосно не омекнат.

Вкусете и додадете дополнително сол или бибер доколку е потребно. Украсете со магдонос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk