(Видео) Брз рецепт за тирамису во чаша: Кремаст и лесен десерт за сите прилики

Точка

29/09/2022

14:50

13.353

Големина на фонт

а а а

Тирамису е италијански десерт со вкус на кафе кој е познат по тоа што се подготвува едноставно и не се пече.

Исклучително е декоративен, па можете да го служите на забави, прослави, родендени... Освен традиционалниот рецепт со кафе и маскарпоне сирење, постојат и варијанти со овошје, чоколадо, Нутела итн.

Која варијанта и да ја одберете, кремастиот вкус на овој десерт ќе се топи во вашата уста.

Потребни состојки:

- 150 гр. крем сирење
- 80 гр. шеќер
- 200 мл. слатка павлака
- 100 гр. пишкоти
- 150 мл. кафе
- какао за украсување

Начин на подготовка:

Крем сирењето измешајте го со шеќерот.

Ставете ја слатката павлака, па изматете со миксер. Ставете ја добиената смеса во шприц. Потопете ги пишкотите во разматеното кафе, скршете ги на 2 дела и ставете ги на дното од чашата.

Со помош на шприц прекријте ги пишкотите со филот од слатка павлака. Посипете со какао па уште еднаш повторете ја постапката.

Оставете во фрижидер околу 1 час.