Компанија за уредување на ентериер утврдила дека две бои во домот нè прават најсреќни – која е вашиот фаворит?

Кармин

28/09/2022

10:32

5.350

Големина на фонт

а а а

Одредени бои можат да предизвикаат одредени емоции во нас, а тој факт е добра насока при бирањето нијанси кои ќе ги внесете во вашиот дом.

Две бои особено се истакнуваат по своите карактеристики бидејќи тие, според резултатите од анкетата во која учествувале 1500 испитаници, нè прават најсреќни.

Бледо зелената боја е голем хит во уредувањето на ентериерот оваа година, познато е дека црвената кујна може да ја намали вредноста на недвижнината кога сакаме да ја продадеме, а знаеме и дека за „спа“ атмосфера во бањата најдобар избор е сината боја.

Но, кои бои во домот најмногу нè прават среќни?

„Modsy“, компанија за дизајнирање на ентериер со седиште во Сан Франциско, анкетирала повеќе од 1500 лица и открила дека виолетовата и жолтата боја се помеѓу најмалку популарните бои за уредување на домот, но оние кои сепак ги внеле во своите 4 ѕида се изјасниле како најсреќни.


За чувството на среќа, виолетовата и жолтата боја не мора да бидат во комбинација, но нема сомнеж дека истите одлично си одговараат една со друга.

Освен што жолтата се поврзува со чувството на среќа и позитивна енергија, и некои други фактори влијаат на тоа овие две бои да бидат бои кои нè прават најсреќни. Според анкетата, луѓето кои ги бојадисале своите ѕидови во било која од овие бои се чувствувале безбедно во своите домови (98 отсто од оние кои избрале виолетова и 87 отсто од оние кои избрале жолта боја) и чувствувале дека имаат контрола над просторот во кој живеат.


Жолтата може да биде многу добар избор за бојата на кујната, сметаат експертите и додаваат дека најдобар избор ќе биде нијанса со сиви подтонови, која е малку попригушена и одлично функционира со разни видови финиш. Во другите простории во домот одлична опција се потемните тонови на жолта, како сенф бојата.

Што се однесува до виолетовата, потемните нијанси како слива можат да создадат топол, привлечен амбиент, додека бојата на модар патлиџан со сиви подтонови ќе му даде на просторот порелаксирана атмосфера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk