Обожавателите на Викторија Бекам во неверување - ги отстранила тетоважите посветени на Дејвид

Кармин

27/09/2022

14:35

4.880

Големина на фонт

а а а

Викторија на својот Инстаграм профил објави видео во кое рекламира нов кармин.

Во еден момент го нанела на раката, а многумина забележале дека тетоважата ја нема и дека останале само траги по користењето на ласерот.

„Зошто ги отстрани тетоважите? Ова ме изненади“, напишал еден корисник на Твитер.

„Што се случува? Каде се тетоважите?“, прашал друг.


Инаку, таа во 2007 година ги истетовирала иницијалите на Дејвид на левиот зглоб по повод десетгодишнината од бракот. Тие се преселиле во САД таа година бидејќи тој почнал да игра за ЛА Галакси.

На нејзината друга рака беа испишани римските бројки VIII-V-MMVI, кои го претставуваат 8 мај 2006 година - датумот кога таа и Дејвид ги обновиле своите завети. Таа имаше и тетоважа на латинската фраза „De integro“, што значи „Од почеток“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk