(Фото) Им ги „кршеше“ срцата на жените ширум светот – сега е непрепознатлив: „Што е ова?“

Кармин

22/09/2022

12:47

4.236

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Патрик Демпси (56) на јавноста најмногу ѝ е познат по улогата доктор, неврохирургот Дерк Шепард од серијата „Вовед во анатомија“, а во серијата го нарекуваа и McDreamy – поради неговиот неодолив изглед, како во серијата, така и во приватниот живот.

Актерот им мамеше воздишки на жените ширум светот, дури и откако навлезе во 50-тите години.

Но, последната промена на имиџот на актерот малку ги изненади неговите обожавателки и тоа на сосема непријатен нечин.

Имено, на доделувањето на Disney Legends Awards 2022, актерот пристигнал со целосно руса коса, поради што обожавателите едвај го препознале.

„Дали добил улога во House of the Dragon?“, „Изгледа како Кен“, „Ми треба една минута ова да го сварам“, „Што е ова“, „Непрепознатлив е“, се само дел од коментарите на изненадените обожавателки.

Актерот инаку е познат по долгата, благо кадрава коса, а за тоа и самиот е свесен.

„За жал, или за среќа, познат сум по мојата коса. Ова навистина налути многу луѓе. Не знаат како да ме прифатат. Или ме сакаат или ме мразат“, ги искоментирал тој негативните коментари.

А, иако гледачите го обожаваат поради улогата во серијата, колегите наводно не мислат исто. Тоа го открила и новинарката Линет Рајс, која единствена успеала да добие интервју со него пред почетокот на 11-та сезона, кога неговиот лик ненадејно починал. Имено, многумина кои работеле на серијата со него, рекле дека тој ги тероризирал колегите, поради што добиле некаков посттрауматки синдром.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk