Поранешната девојка на Маск објави фотографија во завои – претходно откри дека „сака да изгледа како елф“

Кармин

19/09/2022

11:37

5.629

Големина на фонт

а а а

Грајмс, пејачка и поранешна девојка на Илон Маск, објави фотографија од нејзиното лице во завои. Таа претходно изјави дека има силна желба да направи операција на ушите за да „изгледа како елф“.

„Направив нешто лудо“, напишала Грајмс на својот Твитер профил.

„Се надевам дека навистина отишла на операција. Знам дека одамна сакаше да го промени физичкиот изглед“, напишала една Твитер корисничка.

Очекувано, некои фанови не биле воодушевени.

„Личиш на јајце“, смета еден корисник.

„Дали си нормална?“, исто така е еден од коментарите.

Пејачката сè уште не откри што точно направила со лицето.

Инаку, Илон и Грајмс почнале да се забавуваат во 2018 година. Имаат две деца, а врската ја раскинаа во март годинава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk