Три четвртини од Германците трошат помалку енергија поради инфлацијата

Точка

19/08/2022

21:03

3.102

Големина на фонт

а а а

Домаќинствата со ниски приходи најмногу ги менуваат своите навики, па така две третини од нив ги намалиле дневните трошоци, како и трошоците за одмор.

Седум од 10 Германци трошат помалку енергија поради најголемата инфлација во последниве децении, а половина од нив ја намалиле потрошувачката на активности во слободно време, покажало едно истражување.

Во април уделот на оние кои трошеле помалку енергија изнесувал 63 проценти, според анкетата на „Ifratest Dimap“ за телевизиската куќа „ARD“ во која учествувале 1.273 граѓани.


Домаќинствата со пониски приходи најмногу ги менуваат своите навики, па така две третини од нив ги намалиле дневните трошоци, како и трошоците за одмор.

Повисоките трошоци за живот ги промениле и приоритетите на домаќинствата со просечни примања, па буџетот за активности во слободно време го намалиле 50 проценти од нив, покажува истражување, објавено во четвртокот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг