Научници веруваат дека можат да го „оживеат“ изумрениот тасмански тигар

Точка

17/08/2022

17:45

24.193

Големина на фонт

а а а

Австралиските научници веруваат дека се на вистински пат да го вратат изумрениот вид тасмански тигар и велат дека би можеле да го добијат првото живо младенче во следната деценија.

Општо се верува дека торбарскиот тасмански тигар или волк со глава на куче, чие научно име е „Thylacinus“, исчезнал од австралиското копно пред 2.000 години. Последниот познат примерок угинал во 1936 година во заробеништво во зоолошката градина Бомарис во Хобарт, во австралиската островска држава Тасманија.


Овој вид тигар наликува на куче, а телото му е долго околу еден метар (без опашка), со сиво-кафеава боја со 12 до 14 црни попречни пруги на грбот. Женките раѓале од 2 до 4 младенчиња, а видот живеел во Австралија, Тасманија и Нова Гвинеја.

Ендру Паск од Универзитетот во Мелбурн вели дека најавеното партнерство помеѓу неговата лабораторија за истражување на интегрирани генетски реставрации на „Thylacine“ (TIGRR) и американската компанија „Colossal Biosciences“ ќе им овозможи на научниците да преземат „големи чекори кон зачувување на загрозените торбари во Австралија и да го преземат големиот предизвик за враќање на изумрените видови“.

Револуционерните технологии за уредување на гени на компанијата „Colossal Biosciences“ ќе се комбинираат со работата на лабораторијата „TIGRR“ за секвенционирање на геномот на „Thylacinus“ со цел да се врати изумрениот торбар, се вели во соопштението за јавноста. Напорите ќе бидат потпомогнати и од работата на „TIGRR“ за идентификација на торбари со слична ДНК како „Thylacinus“ за да се добијат живи клетки.

„Со ова партнерство, сега верувам дека за 10 години би можеле да го добиеме нашето прво живо бебе тасмански тигар кој луѓето го ловеле до истребување пред речиси 100 години“, вели Паск.



Спонзорирани линкови

Маркетинг