Беше обвинет дека имал афера со неговата внука која подоцна беше убиена, а потоа се повлече од јавноста: Актерот има милиони во банка, но останал потполно сам

Точка

15/08/2022

15:41

9.167

Големина на фонт

а а а

Во 2015 година, веста за убиството на внуката на Морган Фримен ја потресе јавноста. Имено, Идина Хајнс беше избодена со нож пред нејзината зграда на Менхетен.

За убиството беше обвинет нејзиниот тогашен партнер Ламар Давенпорт, кој на суд изнел шокантни обвиненија на сметка на актерот. Имено, Ламар тврдел дека Морган имал љубовна афера со својата внука и дека има докази за тоа.

Неговите тврдења дополнително ги „подгреаја“ гласините кои и тогаш кружеа, а медиумите со месеци зборуваа за нивната афера.


„Она што е уште полошо е што после сериозниот печат ги презема трачевите од таблоидите и ги објавува“, изјави Фримен тогаш.

Меѓутоа, Ламар ја изнел својата СМС преписка со убиената Идина, а во пораките кои тој ги покажал, таа признава дека била со Фримен.

„Кога зборуваме за твојот дедо, сфати дека тука секогаш ќе има некоја љубов бидејќи си му потчинета“.


„Не барам совети од него. Ми се јави за да ме праша... го оттурнав од себе не поради тебе, туку затоа што не треба да биде во мојот живот“, се дел од преписките кои Ламар ги изнел пред судот.

Актерот наводно ја злоставувал неговата внука кога била млада, а таа всушност не му е биолошка внука.

„Имам милиони долари во банка, но не можам да купам здравје за да го спасам својот живот. Имам семејство и милиони фанови ширум светот, но сега сум сосема сам. Го живеев животот на погрешен начин и не сакам истото да ви се случи и вам“, изјавил Морган во една прилика.

Тој честопати зборуваше и за минливоста на животот, истакнувајќи дека парите не се важни и дека покрај сѐ што има, останал потполно сам.

Фримен по скандалите низ кои пројде се повлече од светот на актерството и од јавноста. Денес живее повлечен живот, водејќи еден ресторан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг