Џеј Ло знае како сите да гледаат само во неа: Прекрасен трик доколку сакате да носите црно од глава до пети

Кармин

12/08/2022

14:58

7.830

Големина на фонт

а а а

Пејачката и актерка е жена во која се насочени сите погледни, каде и да се појави, овојпат – во најлежерно и најдобитно издание на светот се појавила во јавноста.

Венчавката на Џенифер Лопез и Бен Афлек во Лас Вегас ги воодушеви фановите, а потоа следеа и романтичните фотографии од медениот месец во Париз. Меѓутоа, деновите на бакнежи и нежности се зад нив и време е за работа.


Откако медиумите известија дека парот сега им се враќа на своите кариери, папарацо фотографите во Лос Анџелес ја „уловиле“ Џенифер Лопез додека излегувала од танцовото студио во друштво на менаџерот Нени Медино.

Латино дивата за оваа прилика била облечена спортски и многу лежерно, во стил кој најмногу ѝ одговара.

На нејзината модна комбинација доминира црната боја, а Џенифер се определила за едноставни црни хеланки со долги ногавици и кроп-топ со кратки ракави којшто го истакнува нејзиниот извајан стомак.


Покрај тоа Џеј Ло носела и црни патики за трчање, а својата all black модна комбинација ја „зачинила“ со ефектен контраст.

Имено, Џеј Ло носела кратки бели чорапи и една од омилените чанти од нејзиниот моден „арсенал“.

Станува збор за „Book Tote“ од модната куќа „Dior“, модел со средна големина чија цена изнесува повеќе од 3.000 евра.


Сè е едноставно и сведено, а толку ефектно! Се согласувате ли?



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk