Директорот на Европската вселенска агенција за климата: „Гледаме екстреми кои порано не се гледаа“

Точка

11/08/2022

15:46

23.449

Големина на фонт

а а а

Директорот на Европската вселенска агенција (ESA) Жозеф Ашбахер предупредува дека последиците од економска криза предизвикана од проблемите со снабдување со енергенти би можеле да бидат "ситни" во споредба со последиците од штетата од топлинските бранови и суши и повикува на итна акција во борбата против климатските промени.

Ашбахер вели дека постојаните топлински бранови заедно со шумските пожари, пресушувањето на реките и растечките температури на оставаат никаков сомнеж за тоа какво влијание климатските промени ќе имаат на земјоделството и другите индустрии. „Денес сме многу загрижени поради енергетската криза и со право, но таа е многу мала во споредба со влијанието на климатските промени кои имаат значајно поголем опсег и мораме многу брзо да се справиме со нив“, рекол тој.

Оваа година во Франција пожарите проголтале повеќе од 57.200 хектари, што е речиси шест пати повеќе од годишниот просек. Во Шпанија долготрајниот сушен период го направи јули најтопол месец, барем од 1961-ва година. Водостоите на езерото Грејт Солт Лејк во американската сојузна држава Јута и италијанската река По се најниско забележано ниво во историјата.


„Ситуацијата е прилично лоша. Гледаме екстреми кои претходно не се гледаа“

Велика Британија во вторникот издала ново предупредување за екстремни горештини откако рекордните температури кои достигнувале и над 40 степени повторно се вратиле во фокусот на климатските ризици во јули. Ашбахер тогаш рекол дека прашањето за климатските промени е најголем предизвик за човештвото.

„Ситуацијата е прилично лоша. Гледаме екстреми кои претходно не се гледаа“, изјавил Ашбахер. Високите температури на воздухот не се единствен проблем бидејќи Земјината површина исто така станува потопла. Ашбахер рекол дека серијата сателити "Copernicus Sentinel-3" на "ESA" во последните недели измерила екстремни температури на копнената површина во Велика Британија, Шпанија и Франција.


Ашбахер отфрла два мита

Како промените на температурите стануваат поизразени, ветровите стануваат посилни и предизвикуваат посилни бури. Ашбахер го отфрла тоа што го именува како два мита на кои се повикуваат критичарите на брзата меѓународна климатска акција.

„Првиот е уверувањето дека можеме да чекаме и дека со чекање ќе се реши проблемот, а вториот е дека борбата со климатските промени ќе биде скапа и ќе влијае на најсиромашните, па тоа не треба да го правиме“, вели тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг