Се венчаше сериската прељубничка: По големиот број љубовници, му кажа „да“ на човекот кој обожава секс во тројка

Супермен

09/08/2022

23:47

14.411

Големина на фонт

а а а

Рита Ора (31) се венчаше за режисерот и актер Таика Ваитити (46), на приватна церемонија.

Странските медиуми пишуваат за тајната венчавка на пејачката Рита Ора и режисерот Таика Ваитити. До информациите за тоа дека парот се венчал, медиумите стигнале врз основа на фотографиите на кои се гледа дека и двајцата носат бурми.

До медиумите пристигнала информацијата дека Рита сега се презива Ваитити-Ора.

Освен тајната венчавка, чуден е и фактот што парот не отишол на меден месец, туку продолжиле да живеат и работат како да не се ни венчале. Додека пејачката снима нови хитови во студија, нејзиниот сопруг времето го поминува на филмскиот сет.


Лица блиски до Рита наведуваат дека нејзина желба била венчавката да биде тајна, како што била и врската со режисерот.

Имено, Рита и Таика биле во врска една година и пол, а првото заедничко појавување се случило на премиерата на еден филм во Лос Анџелес во 2021 година.

Оттогаш папарацо фотографите „будно“ ги следеле, па тогаш откриено било и дека парот обожава секс во тројка, а партнерка им била актерката Теса Томпсон.

На самиот почеток од кариерата Рита започнала да се забавува со Роб Кардашијан, братот на Ким Кардашијан. Дури парот на неколку наврати се појавил во реалити шоуто. Роб „ја изгубил главата“ по Рита додека пак таа била со него само поради слава.


Кога раскинале Роб раскажал како пејачката го изневерила со дури 20 мажи. Рита тоа никогаш не го демантирала, само изјавила дека врската со Роб не била ексклузивна и дека поради тоа го напуштила.

По раскинувањето, Роб се здебелил 135 килограми и никогаш не закрепнал од шокот кој му го приредила пејачката.


Потоа Рита била во бурна афера со АСАП Роки којшто признал дека тогашната девојка ја изневерувал со Рита. Пејачката самата ја открила аферата, па раперот се налутил и ја навредил во неговата нова песна.

Но, Рита не дозволила да се зборува лошо за неа. Таа храбро чекорела во потрага по нов љубовник, па потоа била во кратка врска со Келвин Харис, а и со Луис Хамилтон.


Но, ниту Таика Ваитити не е ангел. И самиот имал низа афери и брак со Челси Винстанли, има две ќерки кои ги следи во чекор на своите снимања.

Иако многумина го доживуваат како семеен човек, не е тајна дека обожава сексуални игри и дека често ги применува.

Доколку Рита му кажала „да“ на Таика, тогаш кажала „да“ и за авантурите во брачната постела.




Спонзорирани линкови

Маркетинг